Заврши серијата од 19 натпревари без пораз за тренерот кој учеше од „Фудбал менаџер“

Во последниот натпревар од 28-мото коло во Лига 1, Олимпик Марсеј како гостин го совлада Ремс со 2:1 и стави крај на серијата од 19 натпревари без пораз за домаќинот.

Приказната со тренерот на двојниот европски вицешампион е една од најубавите сезонава, на клупата на Ремс седи 30-годишниот Вил Стил.

Стил тренерскиот занает го „печеше“ преку популарната компјутерска игра „Фудбал менаџер“ и како асистент-тренер работеше во неколку екипи, сè до октомври минатата година, кога од помошник-тренер беше именуван во главен тренер на Ремс.

Откако седна на клупата на Ремс, Стил до вчера беше во серија од 19 натпревари без пораз.

Управата на клубот е презадоволна од работата на Белгиецот и нема проблем да плаќа по 25.000 евра за секој натпревар на кој Стил ја води екипата бидејќи сè уште нема тренерска лиценца од УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести