Завршува ерата на Симеоне во Атлетико?

Диего Симеоне постепено ги губи кредитите во Атлетико Мадрид, а се чини дека му доаѓа крајот на неговото командување со Јорганџиите. Наводно, управата на шпанскиот вицешампион во текот на летото ќе се обиде да оствари соработка со Маурисио Покетино, експредводникот на Тотенхем.

Разочарувачките резултати од оваа сезона се проблем кој Симеоне веќе извесно време не може да го реши. Атлетико по 22 кола во Ла Лига, е на шестото место со 36 бода, дури 13 помалку од лидерот Реал Мадрид, од кого го претрпе четвртиот пораз изминатиов викенд.

Откако застана на клупата на Атлетико во 2011 година, Симеоне го предводеше тимот до титула во Шпанија, два трофеи во Лигата на Европа и две финалиња во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести