Завршува француската лига, некој ќе биде опуштен, некој не

Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три примамливи квоти на денот, овојпат изборот падна на два меча од француската и еден од турската лига. Како додаток ги уфрливме плејоф мечевите од втората шпанска лига и холандскиот шампионат.

 

Сивасспор – Галатасарај (20.00 часот)

Со победата во минатото коло, Галатасарај си ја обезбеди новата титула, па може поопуштено да му пристапи на гостувањето кај Сивасспор. И домашните немаат резултатски мотив, обезбедија опстанок, и може да се очекува да има ефикасен фудбал за мерак на публиката. Последните 13 меѓусебни дуели на овие тимови, завршуваа со три или повеќе голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Марсеј – Монпелје (21.05 часот)

Овие тимови извисија од трката за место во Европа, во следната сезона ќе играат само во француската лига, а тој што ќе биде подобар од нив вечерва, ќе го освои петтото место кое ништо не значи. На Монпелје му одговара и реми. Марсеј доби само два од последните пет меча и ќе сака од своите фанови да се прости со победа.

Предлог тип: Т1 2+ & ГГ (2.30)

 

Ремс – ПСЖ (21.05 часот)

Парижаните одамна ја обезбедија титулата, па нивното гостување кај Ремс ќе биде ревијално. Сепак, да потсетиме дека Нејмар нема да игра, а на Килијан Мбапе му требаат четири гола за да ја освои „златната копачка“ во Европа. Интересно, ПСЖ од 2013 година нема победа на гостување кај Ремс, и таа лоша традиција може да заврши вечерва.

Предлог тип: Т2 1+I & Т2 3+ (2.45)

 

Малага – Сарагоса (21.00 часот)

Дуелот на поранешните прволигаши е многу позначаен за домашните. Малага треба да го потврди своето место во разигрувањето за влез во Примера, додека Сарагоса е во средина и не се бори за ништо. На последните шест меѓусебни дуели на „Ла Росаледа“, секогаш било нерешено, па ако ѝ верувате на традицијата, играјте дека ќе биде икс во првото полувреме.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

Утрехт – Витесе (20.45 часот)

Утрехт и Витесе се борат за место во Лига Европа, ова е прв меч, а реваншот е на 28 мај. Утрехт во полуфиналето од плејофот ги доби двата меча со Хераклес, без да прими гол. Двата тима ќе бидат мотивирани и тешко е да се верува дека нема да падне гол, како што беше на нивниот последен лигашки дуел на 14 април. Од тој меч наваму, Утрехт и Витесе не одиграле нерешено.

Предлог тип: Х (3.45)

- Оглас -

Најнови вести