Заза очи во очи со Донарума, и наместо гол… (Видео)
Напаѓачот на Торино се посрамоти во финишот на синоќешниот меч со Милан.

Неверојатна утка имаше искусниот Симоне Заза на синоќешната битка од Серија А помеѓу Торино и Милан. Напаѓачот на Торо во финишот на средбата, при 2-1 за неговиот тим, имаше прилика да ги дотолчи гостите, но наместо тоа, се посрамоти.
Заза доби одлична топка, излезе само пред Џиџи Донарума и во обид да го издрибла голманот на Милан, се посрамоти „за сите пари“.
За негова среќа и за среќа на Торино, утката не влијаеше на резултатот и Торино победи со 2-1, иако во последните секунди можеа да бидат жестоко казнети, но Кжиштоф Пјонтек не реализираше убава шанса, поточно Сиригу го одбрани неговиот шут.
Det blir vel ikke mer Simone Zaza-esque enn dette?pic.twitter.com/1Ag47R2h9B
— Italiensk Ball (@ItalienskBall) September 26, 2019