Збеснаа австралиските хулигани, со канта го удрија голманот во лице и го прекинаа градското дерби во Мелбурн (Видео)

Во денови кога австралиската репрезентација достојно се претстави на Мундијалот во Катар, популарноста на фудбалот расте, но тоа донесе и проблеми. Дербито помеѓу Мелбурн сити и Мелбурн виктори беше прекинато во 22-ра минута при водство на Сити од 1-0.

Фановите на Виктори за кој игра и Македонецот Метју Божиновски, влетаа на терен, и со канта во која имаше некаква прашкаста материја, го удрија голманот на Сити, Том Гловер, кој се здобил со потрес на мозокот.

Крвта на навивачите зовре кога една од чадните бомби кои тие ги фрлаа на терен, голманот Гловер ја фрли кон нивната трибина.

- Оглас -

Најнови вести