Зеленортски острови доминантно го освои првото место во групата со Гана и Египет (Видео)

Репрезентацијата на Зеленортски острови е пријатно изненадување на Африканскиот куп на нации, откако денеска со 3-0 го победи Мозамбик и го обезбеди првото место во групата во која фаворити беа Египет и Гана.

Зеленортските острови ги победија Гана и Египет, а во прилог им одеа нерешените резултати на другите мечеви во групата, па како први одат понатаму.

Две кола се одиграа и во групата во која на првите три места се Екваторијална Гвинеја, Нигерија и Брегот на слонова коска, таму последното коло ќе решава кој оди директно понатаму, кој ќе чека да биде меѓу најдобрите трети.

Ова е вториот од трите денешни голови на Зеленортски острови во триумфот над Мозамбик:

- Оглас -

Најнови вести