Зенит на убедлив начин стигна до нов пехар

Екипата на Зенит донесе уште еден трофеј во клупските витрини. Актуелниот шампион на Русија триумфираше во Суперкупот на Русија, откако без многу проблеми со 3:0 го победи освојувачот на Купот, Локомотив Москва.

За Зенит ова е втор трофеј во Суперкупот во низа, а вкупно шести во нивната историја. Кузајев во 27 минута донесе водство за фаворитот од 1:0, а победата беше потврдена со два погодоци во второто полувреме кога прецизни беа Азмун во 57 минута и Александар Ерохин на седум минути пред крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести