Зенит поднесе жалба против УЕФА во Спортскиот арбитражен суд во Лозана

Раководството на фудбалскиот клуб Зенит одлучи да ја обжали одлуката на УЕФА во Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Причина за ваквата одлука на рускиот тим е тоа што УЕФА им забрани учество на екипите од оваа земја во нејзините натпреварувања, поточно за Зенит, којшто требаше да игра во Лигата на шампионите.

„Зенит поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Сино-бело-сините ја обжалија одлуката на УЕФА да ги суспендира руските клубови од европските купови во сезоната 2022/2023.

Фудбалскиот клуб Зенит отсекогаш бил воден од принципите на мисијата на УЕФА како што е наведено во Повелбата на организацијата и повикано во духот на меѓусебно почитување, разбирање и фер игра да се исклучи дискриминацијата врз основа на политичка, верска, расна и друга основа“, се вели во соопштението на клубот.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на овој суд, којшто пред неколку години ја намали суспензијата на Аријан Адеми од четири на две години поради тоа што утврди дека македонскиот репрезентативец не знаејќи зел недозволена супстанца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Zenit (@zenit_spb)

- Оглас -

Најнови вести