Згасна некогаш најбогатиот фудбалски клуб во светот

Рускиот клуб Анжи Махачкала, некогаш најбогат на светот, повеќе нема да постои откако не успеа да обезбеди лиценца за натпреварување во третиот по ранг фудбалски шампионат во Русија.

Пред нешто повеќе од една деценија, Анжи под сопствеништво на рускиот олигарх Сулејман Керимов беше на пат да стане светска сила, успевајќи да доведе звучни имиња како Роберто Карлос, Самуел Ето, Вилијан. Сепак, Керимов прекина со своите големи вложувања во екипата, па од 2014 година клубот е во слободен пад.

Како најголем успех на Анжи се смета пласманот на трето место во руската Премиер лига. На меѓународната сцена, Анжи стигна до нокаут фазата во Лигата на Европа во сезоната 2012/13, на патот до тој успех беше совладан Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести