Зголемени квоти на мечеви од дури девет различни фудбалски првенства

Целосна фудбалска доминација има во денешниот Супер тип на Sport Life, а возбудувањата ќе започнат уште од 14 часот кога ќе играат Жирона и Валенсија. Домаќините кои се најпријатното изненадување во Примера дивисион сезонава, се фаворити за победа и зголемениот коефицинет за „кец“ е 1.83.

Од понудените 16 натпревари, се очекува домаќините да доминираат на дури 14, а единствено фаворитската улога на гостински терен ја имаат Порто против Фамаликао и Ница на гостувањето кај Нант.

Ленс треба да ја продолжи агонијата на Олимпик Лион кој е последен на табелата во Франција. Атлетик Билбао е фаворит во дуелот со Рајо Валјекано на чиј гол е Столе Димитриевски. Во денешната понуда има мечеви од Шпанија, Италија, Англија, Франција, Турција, Австрија, Германија, Португалија и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести