Жабер и се реваншира на Рибакина за поразот во ланското финале

Тунижанката Онс Жабер е последна полуфиналистка на женскиот турнир на Вимблдон откако во четвртфиналето, со пресврт ја совладата шампионката од минатата година, Елена Рибакина, и тоа со 6:7,6:4,6:1.

Со победата, Жабер и се реваншира на Рибакина за поразот во финалето минатата година и во полуфиналето ќе игра против Арина Сабаленка.

Првиот сет и припадна на Рибакина и тоа во тај-брејкот иако беа направени четири брејка. Жабер при 6:5 за неа, сервираше за сет, не успеа да искористи една топка за да поведе, по што Рибакина успеа да направи брејк и да се избори за одлучувачкиот 13-ти гем. Во него, Рибакина направи два мини-брејка и славеше со 5:7.

Во вториот сет, еден брек беше доволен за Жабер да израмни на 1-1 во сетови. Таа брејкот го направи во последниот 10-ти гем искористувајќи ја првата сет-топка.
Во одлучувачкиот сет, целосна доминација на Жабер, го одзеде сервисот на Рибакина во вториот гем и потоа поведе со 3:0, а потоа направи уште еден брејк за убедливи 6:1 кои и донесоа пласман во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести