Ждрепка за ЕП: Кои се посакуваните, а кои непосакуваните противници за Македонија? (Фото)

Попладнево во 16:30 часот во Копенхаген ќе биде одржана ждрепката за квалификациите за Европското ракометно првенство во 2026 година. Репрезентацијата на Македонија се најде во вториот шешир пред извлекувањето и се чини дека е во поволна ситуација да дојде до нов пласман на континентален собир.

Тоа што сме во вториот шешир значи дека нема да може да играме против селекциите на Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција. Од првиот и најквалитен шешир можни противници ни се репрезентациите на Германија, Шпанија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија и Холандија.

Се чини дека немаме многу преголем избор, кој би бил посакуван противник, можеби Португалија или Холандија како најнеатрактивни, но секако и тие се квалитетни противници, па нашите погледи се насочени кон третиот и четвртиот шешир.

Во третиот шешир се селекциите на Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина и Италија. Според имињата, веројатно би било добро да се избегнат Швајцарија и Романија, како најнезгодни противници, иако и против нив би биле фаворити.

Во најслабиот шешир се селекциите на Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово и Летонија и тука не би требало да имаме никаков проблем да победиме.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат по две најдобри репрезентациите од сите групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции.

- Оглас -

Најнови вести