Ждрепка за ФА купот: Две дерби пресметки во Лондон, Ливерпул мина најлесно

Иако се уште не се одиграни сите натпревари од третото коло, вечерва беше извршена ждрепката за четвртото коло од англискиот ФА куп. Следната недела ќе гледаме две дерби пресметки во Лондон, бидејќи ждрепката посака уште во раната фаза да се сретнат Челзи и Астон вила, односно Тотенхем и Манчестер сити.

Најголемо задоволство има во редовите на Ливерпул, кој ќе игра против подобриот од нисколигашкиот двобој помеѓу Норвич и Бристол роверс. Задоволни може да бидат и во редовите на Манчестер јунајтед, со оглед на тоа дека „црвените ѓаволи“ ќе играат против победникот од дуелот помеѓу Њупорт и Истлејт.

Дуелите од четвртото коло ќе се играат на 16-ти февруари.

Двојки:

Ватфорд – Саутемптон
Блекбурн – Рексам
Бурнмаут – Сванси
ВБА – Брентфорд или Вулверхемптон
Вест хем или Бристол сити – Нотингем форест или Блекпул
Лестер – Хал или Бирмингем
Шефилд В. – Ковентри
Челзи – Астон вила
Ипсвич – Мејдстон јунајтед
Ливерпул – Норвич или Бристол роверс
Тотенхем – Манчестер сити
Лидс јунајтед – Плимут
Кристал палас или Евертон – Лутон или Болтон
Њупорт или Истлејт – Виган или Манчестер јунајтед
Шефилд јунајтед – Брајтон
Фулам – Њукасл

- Оглас -

Најнови вести