Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Две мегапресметки се загарантирани, Интер и ПСЖ се најопасни екипи од неносителите

Денеска од 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион, ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите и во најава има два мегаспектакли, а единствен македонски фудбалер кој ќе игра во нокаут-фазата во елитното натпреварување е Елиф Елмас.

Вкупно 16 екипи ги продолжуваат мечевите во нокаут-фазата и според пропозициите ќе играат првопласираните две екипи од осумте групи.

Екипите стандардно ќе бидат поделени во два барабани, во едниот ќе бидат првопласираните, а во вториот неносителите, односно екипи кои беа втори, но нема да смеат да играат екипи од иста земја и тој податок нуди два можни спектакли во најава.

Како второпласирани екипи, ждрепката ќе ја чекаат финалистот од минатата сезона Интер и ПСЖ. Нивни можни противници во осминафиналето се екипи како Арсенал, Баерн, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Барселона.

И тимот на Елмас, Наполи ќе биде во вториот шешир и за противник ќе добие тим кој беше победник во групната фаза. Освен Реал Мадрид, во игра се сите првопласирани екипи.

Германскиот Ред Бул Лајпциг нема преголем избор и поради правилата на УЕФА, противник во осминафиналето ќе му биде една од четирите шпански екипи кои го освоија првото место во групите, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад или Арсенал.

Првите осминафинални натпревари треба да се играат на 13/14/20/21 февруари 2024 година, а реваншите на 5/6/12/13 март идната година.

Барабан во првопласирани екипи: Баерн Минхен, Арсенал, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Барселона.

Барабан со второпласирани екипи: Копенхаген, ПСВ, Наполи, Интер, Лацио, ПСЖ, Ред Бул Лајпциг, Порто.

- Оглас -

Најнови вести