Ждрепката за ракометниот Куп на Македонија најави финале Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

Најдобрите два македонски ракометни клуба во моментов, скопскиот Вардар 1961 и битолскиот Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето на Купот, па најверојатно тие ќе се сретнат во големото финале во Кавадарци.

Ждрепката која беше направена во просториите на РФМ одлучи полуфинални парови во машка конкуренција да бидат ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР 1961 и БУТЕЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР.

Финалето ќе се игра на 15 мај од 19.30 часот. И женскиот куп ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, на 14 и 15 мај. Кај девојките, полуфиналиња се КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ и ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР

Сите натпревари од Купот на Македонија ќе се емитуваат во живо на МРТ и на YouTube каналот на РФМ.

- Оглас -

Најнови вести