Жељко Обрадовиќ: НБА лигата е мафија!

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Србинот Жељко Обрадовиќ, изјави дека НБА лигата е мафија, бидејќи на европските тренери не им се дава да работат таму, а притоа никој не зборува на таа тема.

„Задоволен сум од животот во Европа, не размислувам на НБА. Тоа е најсилната лига на светот, организацијата е неверојатна, но Европа е процес, секоја година сме подобри од претходната. Невозможно е да ги стигнеме, таму се вложуваат премногу пари, но и Евролигата е на многу високо ниво. Многумина мислат дека нашата кошарка е поинтересна од таа во НБА“ – вели Обрадовиќ.

Популарниот Жоц, кој го води Фенербахче, се надева дека еден ден, и европски тренер ќе биде успешен во НБА.

„И сега многу тренери од Европа се подготвени. Плус тоа, еве Дантони работи таму, а роден е и порасна во Европа. Блат истотака работеше во Европа, Кокошков чекаше 20 години пред да добие прилика да води НБА тим. Нема европски тренери, бидејќи НБА е мафија. Не им даваат на тренерите да работат, и никој не зборува за тоа. Јас смеам да го кажам тоа, бидејќи таа лига не ме интересира, иако сметам дека е најдобра на светот“ – рече Обрадовиќ, на кого секое лето од Фенер во НБА му бегаат кошаркари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести