Жената на еден од најдобрите фудбалери на Сити ја критикуваше храната во Манчестер, а Пеп и одговори: Тој веќе нема да заигра ни една минута

Манекенката Сара Арфауи која е жена на ѕвездата на Манчестер сити, Илкај Гундоган, јавно се пожали на храната која ја нудат рестораните во Манчестер. На прашање од фан на социјалните мрежи, Сара немаше пофални зборови за храната во градот.

„Жал ми е, но морам да бидам искрена. Многу се трудев да најдам добар ресторан, но храната секаде е ужасна. Секаде служат само смрзнати производи. Нема ништо квалитетно. Во рестораните тука има добри пијалоци, но не и храна. Можеби во Лондон е подобро, но во Манчестер сигурно не е“, беше коментарот на манекенката Сара.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е сопственик на еден ресторан во Манчестер и реши да се пошегува на оваа тема.

„Гундоган веќе нема да одигра ни една минута оваа сезона“, во шега рече Гвардиола, а потоа и даде совет на Сара Арфауи да го посети ресторанот ТАСТ чиј сопствен е Пеп. „Ја поканувам Сара и Гундо да дојдат во ТАСТ, сигурно добро ќе се најадат“, си направи промоција на својот ресторан тренерот на Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести