Жената на Рушту откри кои лекови ги користел легендарниот голман за да се опорави од Коронавирусот

Рекордерот по бројот на настапи за турската репрезентација, некогашниот голман Рушту Речбер успеа да го победи Коронавирусот. Во Турција се пишуваше дека Рушту заболел од неговата сопруга Исил, која претходно патувала во САД. Исил која демантираше дека таа го заразила сопругот, сега излезе со информација за начинот на лекување на нејзиниот сопруг.

„Резултатите од последното тестирање на Рушту беа негативни и фала му на Господ што е така. Неговото тело разви имунитет на вирусот и пациентите кои се излечени создаваат антитела. Тие пациенти веќе не може да се заразат“, објаснува Исил.

Сопругата на Рушту претходно ги опиша сите симптоми и тешкотии низ кои помина нејзиниот маж, а сега откри и кои биле лековите што му биле дадени на Речбер во текот на лекувањето.

„За време на лекувањето потребно е пациентот постојано да биде под лекарски надзор, а важно е и да ги добие соодветните лекови. Тамифлу и Хидроксиклорокин, плус Азитромицин како посебен тип на антибиотик. Секако задолжителна е и дозата од 1000 милиграми витамин Ц“, објаснува Исил Речбер.

 

- Оглас -

Најнови вести