Жендуби: Не личам на Бруно Фернандеш!

Тунискиот таеквондист Халил Жендуби, кој освои сребрен медал на ЛОИ во Токио во својата категорија, стана хит по социјалните мрежи откако многумина коментираа дека многу личи на фудбалската ѕвезда Бруно Фернандеш.

Откако слушна дека го споредуваат со португалскиот фудбалер, младиот Тунижанец даде интересна изјава.

„Велат дека сум личел на Бруно Фернандеш? Јас мислам дека поголема сличност имам со Месут Озил“, рече Жендуби.

- Оглас -

Најнови вести