Жените на фудбалерите на Барса, си прославија уште пред финалето на купот

Поради смртта на поранешниот потпретседател Хосеп Мусонс, екипата на Барселона вечерва во финалето на Купот на Шпанија против баскиски Атлетик Билбао, во знак на тага, ќе игра со црни ленти на дресовите. Мусонс почина на 96-годишна возраст, а во управата на Барса беше од 1978 до 2000 година.

Денешниот датум е многу важен за Френки Де Јонг, бидејќи 23-ти роденден слави неговата девојка Мики Кимени. Мики одлучи да покани некои од партнерките на фудбалерите на Барса на роденденска забава. На забавата беа жените на Сержи Роберто, на Марк Андре Тер Штеген, на Серхио Бускетс и на Лионел Меси.

Френки од вчера е во Севилја и не може во живо да ѝ честита роденден на својата сакана, па испрати љубовна порака преку социјалните мрежи. Мики побара тој да даде гол и така да ѝ го разубави роденденот.

- Оглас -

Најнови вести