Женската репрезентација загуби на контролата од Грузија, селекторот Изов извади помладен состав

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, претрпе пораз од 0-3 на првиот од двата пријателски натпревари со Грузија во Тбилиси.

Сите три гола паднаа во второто полувреме, а најубав беше третиот кој го постигна Чеминава. Вториот контролен дуел помеѓу овие селекции ќе се игра в среда.

Македонскиот национален тим во женска конкуренција, не знае за победа уште од 1 септември 2022 година.

Селекторот Кирил Изов на денешниот меч на терен извади комбиниран состав, без некои од главните наши фудбалерки како Андонова и Рочи, а како што најави и пред средбата, им даде шанса на некои помлади девојки и дебитантки, за да види на кои од нив може сериозно да се смета во квалификациите за ЕП 2025 кои почнуваат во април.

- Оглас -

Најнови вести