Женското финале не личеше на финале, Сабаленка надмоќно го освои Австралијан опен

Само 76 минути траеше финалето на Австралијан опен во женска конкуренција. Арина Сабаленка која беше втора носителка, во дуелот за титула ја прегази Кинвен Џенг од Кина со 6-3, 6-2, за нејзина одбрана на титулата на гренслемот во Мелбурн.

Белорусинката која има 25 години, до титулата дојде без загубен сет. Ова е нејзина втора гренслем титула во кариерата, двете во Австралија.

- Оглас -

Најнови вести