Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе играат во женското финале на Мастерсот во Индијан Велс, и потврдија дека годинава се најдобри на тврда подлога.
Белорусинката и Казахстанката кон крајот на јануари играа меѓусебе и во финалето на гренслем турнирот Австралијан опен. Тогаш победи Рибакина со 2-1 во сетови, па сега прворангираната Сабаленка ќе има шанса за реванш против нејзината пријателка. Освен тоа, Сабаленка загуби од Елена и во финалето во Индијан Велс во 2023 година и тоа е дополнителен мотив плус.
Кај мажите, вечерва ќе се знаат финалистите, а полуфиналињата се атрактивни: Зверев – Синер и Алкарас – Медведев.

