Жешка битка за Прва лига – Поранешен романски репрезентативец се тепаше со противничките навивачи (Видео)

Тренерот на Рапид Букурешт, Дан Алекса, успеа да го преброди тешкото искушение на теренот на стадионот „Моторул“ во Арад и да го предводи тимот до победа од 2:1 против Ута Арад, но дури потоа за него следуваа вистински искушенија.

По мечот беше нападнат од домашните навивачи надвор од стадионот, а романските медиуми објавија и видео од тепачката.

Мечот беше многу значаен и за двете екипи, а Рапид, кој е клуб со големо реноме и три титули во Романија, успеа да направи пресврт и да го победи лидерот на табелата во пелјофот за влез во Првата лига.

Алекса се радуваше, но домашните навивачи тоа го сфатија како провокација и го нападнаа на излезот од стадионот.

Дан е поранешен репрезентативец на Романија и има шест настапи за националниот состав на својата земја со два постигнати гола.

Инцидентот и тепачката во Арад можете да ја погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести