Жестоко тргна плејофот во НХЛ – Тепање на сите страни и „петарда“ за шампионот во Торонто (ВИДЕО)

Актуелниот НХЛ-првак, Тампа Беј лајтнинг, со пораз од 5:0 на гостувањето против Торонто мејпл лифс ја започна одбраната на Стенли купот.

Во еден навистина жесток натпревар, каде што видовме неколку тепачки и дури 115-минутно исклучување во двете екипи, домаќинот оствари изненадувачки висока победа.

Џејк Мазин погоди во 18-тата минута за 1:0, а потоа следуваа голови на Остон Метјуз (25′), Дејвид Кампф (28′, 48′) и Мич Марнер (36′). Немоќта на гостите доведе до голема нервоза на теренот, а домаќините, коишто се познати по грубиот стил на игра, не останаа покуси, па затоа судиите имаа голема работа, додека публиката уживаше во глетката и победата.

НХЛ

Каролина хјурикејнс – Бостон бруинс 5:1

Торонто мејпл лифс – Тампа Беј лајтнинг 5:0

Минесота вајлд – Сент Луис блус 0:4

Едмонтон оилерс – Лос Анџелес кингс 3:4

- Оглас -

Најнови вести