Жезус ја урна црвената деветка, Бруно казни со рекорден пенал (видео)

Дербито на Манчетер сосема неочекувано почна во полза на Јунајтед со погодокот од пенал на Фернандеш уште во првата минута од градската пресметка на водечките екипи во Премиер лигата.

Непромислениот старт на Габриел Жезус врз Марсијал на работ од шестнаесетникот беше доволна причина за Тејлор да покаже кон белата точка уште во 51-та секунда од дербито, па Бруно казни со неговиот 23-ти гол во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести