Жесус пак е нервозен – Се излечи, па им се нафрли на новинарите: Како не фативте и вие Коронавирус (Видео)

Жорж Жесус е познат по контроверзното однесување, а и сега претера со реакцијата кон новинарските екипи кои го дочекаа тренерот на Фламенго на аеродормот во Лисабон при враќањето во Португалија. Жесус потполно заздраве откако имаше Коронавирус, а им го посака тоа и на новинарите.

„Оставете ме на мир. Почитувајте ми ја приватноста. Требаше и вие да се заразите со Коронавирус“, нервозно реагираше Жесус кон новинарските екипи.

Некогашниот тренер на Бенфика беше голем губитник со популарните Орли во 2013 година, кога во рок од само 15 дена ја загубија трката за шампионската титула со Порто со голот примен во 92-рата минута, а потоа со погодок во 93-тата минута беа поразени и во финалето во Лигата на Европа од Челзи.

Лани Португалецот конечно беше голем победник и со Фламенго на драматичен начин со два гола во последните три минути направи пресврт и го освои пехарот во Копа Либертадорес.

Потоа следуваше несреќниот момент од средината на овој месец, кога Жесус се зарази со Коронавирус, но успешно ги прегрме искушенијата, сè до нервозната реакција кон португалските новинари.

- Оглас -

Најнови вести