Жиру го стигна легендарниот Анри, Франција покажа дека пак е меѓу главните фаворити за титулата

Француската репрезентација на одличен начин ја започна одбраната на титулата на Светското првенство во Катар и со 4:1 славеше над Австралија во првото коло од групната фаза. Галските петли убедливо победија, иако само по девет минути од почетокот беа во негатива.

Гудвин погоди за радост на Австралија, но тоа кратко траеше. Франција со головите на Рабио и Жиру направи целосен пресврт и стигна до 2:1 на полувреме. Во вториот дел погодија Килијан Мбапе и повторно Жиру за конечни 4:1.

Со овие два погодоци, Жиру стигна до бројката од 51 погодок во дресот на француската репрезенатција, со што се израмни со Тјери Анри како најдобри голгетери во историјата на француската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести