Жиру: Милан полека се враќа таму каде што припаѓа, во врвот на европскиот фудбал

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, вели дека Росонерите полека се враќаат во врвот на европскиот фудбал, каде што им е местото.

Милан во средата одигра 1:1 во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Наполи и со вкупен резултат 2:1 се пласира во полуфиналето каде го очекува пресметка со градскиот ривал Интер.

„Тоа ќе биде вистинско дерби, Милано ќе годи. Тоа ќе бидат неверојатни два натпревари кои гарантираат дека италијанска екипа ќе игра во финалето. Градот ќе доживее нешто неверојатно, а и исто така и ние. Единствениот пат кога стигнав до полуфиналето, ја освоив Лигата на шампионите со Челси иако бевме аутсајдери. И овој пат во четвртфиналето не бевме фаворити, но го елиминиравме Наполи. Милан полека се враќа таму каде што му е местото. Знаев дека ме очекува возбудлив предизвик, но не очекував дека ќе го освоиме Скудетото и ќе стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите. Не можев ни да сонувам за такво нешто“, вели Жиру.

- Оглас -

Најнови вести