Жиру не промашува двапати, Милан по истиот рецепт од првиот меч го шокира Наполи (Видео)

Милан има предност од 1:0 по првото полувреме од четвртфиналниот реванш-натпревар во рамките на Лигата на шампионите во речиси идентични 45 минути од првиот меѓусебен дуел.

Стрелец на голот беше Оливие Жиру, кој се извади за промашениот пенал, а асистент, исто како и на дуелот во Милано, беше Рафаел Леао.

Единствениот гол на првиот меч беше постигнат во 40-тата минута, а вечерва Жиру ја затресе мрежата на Мерет во 43-тата минута.

Наполи офанзивно го започна мечот и од првата минута тргна со сите сили кон голот на Мајк Мањан со цел да ја анулира негативата од првиот меч.

Кон средина на првиот дел, идентично како и на првиот меч, фудбалерите на Милан се заканија и можеа да постигнат гол. Марио Руи го фаулираше сонародникот Рафаел Леао во сопствениот шеснаесетник, по што судијата Симон Марчињак покажа на белата точка. Ударот на Оливие Жиру го одбрани голманот на Наполи, Алекс Мерет.

Французинот за промашениот пенал се извади во финишот од првиот дел кога успеа да го совлада Мерет.

Без голови е и на „Стемфорд бриџ“, каде што играат Челзи и Реал Мадрид. Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Н’голо Канте, кој се најде сам пред голманот на Реал, Тибо Куртоа, но не ја зафати добро топката и таа заврши покрај стативата. Кралевите имаа две шанси, но ударот на Родриго заврши покрај стативата, а тој на Бензема го одбрани голманот Кепа.

- Оглас -

Најнови вести