Жиру тврди дека повлекувањето на Гризман од репрезентацијата е поради капитенската лента

Францускиот напаѓач Оливие Жиру откри дека одлуката на селекторот на Триколорите, Дидие Дешан, да го назначи Килијан Мбапе за нов капитен по заминувањето на Уго Љорис влијаела на крајот на репрезентативната кариера на Антоан Гризман во септември годинава.

„Антоан рече дека тоа со капитенската лента влијаело врз него. Тој не го криеше тоа и тоа е нормално и природно“, изјави Жиру.

Гризман 10 години играше за француската репрезентација и на 137 настапи постигна 44 гола.

- Оглас -

Најнови вести