Жив го фатија во обид да мести натпревари, уште е под истрага, но за ваков брилијантен гол заслужува прошка (Видео)

Јулиен Веркаутерен постигна брилијантен гол во белгискиот куп, а фантастичната изведба и ударот од прва со кој го лобуваше голманот на Монс е фатен од интересна перспектива, односно со кадар од повисокиот дел на трибините.

KSC Lokeren [1]-0 Mons J. Vercauteren [Great goal] from soccer

Веркаутерен не му се мислеше многу и од прва упати бомба откосо од над 40 метри и го совлада голманот на Монс во победата на Локерен од 3:0.

Јулиен беше долго во фокусот во Белгија, и тоа во негативна конотација, откако новинар на Би-би-си тајно го сними со уште четворица фудбалери во Белгија како договараат наместени натпревари.

Тоа се случи во мај годинава и случајот сè уште се истражува, но на Веракутерен му е дозволено да игра, иако има истрага во Белгија.

- Оглас -

Најнови вести