Животот е суров, почина таткото на фудбалерката која го даде голот за светска титула на Шпанија

Шпанската фудбалска федерација и Реал Мадрид вечерва објавија соопштение со кое изразуваат сочувство до Олга Кармона, фудбалерката која попладнево го постигна голот во финалето на женскиот Мундијал против Англија и на Црвената фурија ѝ ја донесе првата светска титула.

Олга веста ја дознала по финалето, на кое беше хероина бидејќи го даде голот за победа од 1-0.

Шпанките веќе се во авион на долг пат од Австралија кон дома, па Олга ќе може да присуствува на погребот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести