Жоао Феликс од следната сезона ќе игра за Галатасарај?

Жоао Феликс ова лето би можело да заврши во Галатасарај, според најновите информации од турските медиуми. Во моментов, португалскиот напаѓач игра како позајмен во Милан од Челзи, но по завршувањето на сезоната, треба да се врати на „Стемфорд бриџ“.

Сепак, неговата иднина во Челзи изгледа неизвесна, а најверојатно клубот повторно ќе се обиде да се ослободи од него. Овојпат лондончани сакаат да го продадат на трајна основа наместо да го испраќаат на нова позајмица.

За Жоао Феликс интерес покажува Галатасарај, како и други европски клубови. Неговата годишна плата од 9 милиони евра претставува пречка за многу клубови, но турскиот гигант нема финансиски проблеми и би можело да го обезбеди неговиот потпис.

Наводно, агентот на Феликс, Жорж Мендеш, веќе имал иницијални разговори со раководството на Челзи во врска со иднината на играчот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести