Жоао Феликс поставува нов рекорд за клубот во кој ќе игра следната сезона

Според најавите кои стигнуваат од Португалија, еден од најголемите таленти во светот Жоао Феликс во следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид. Тврдењата се дека 19-годишниот тинејџер веќе се наоѓа во Мадрид, каде што треба да го комплетира договорот.

За реализација на овој трансфер, Атлетико е подготвен да плати 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Феликс во Бенфика. Младиот Португалец блесна и минатата сезона заврши со 15 погодоци и девет асистенции во домашното првенство.

За него се интересираа повеќе европски гиганти, но многу веројатно е дека Атлетико ќе ја добие трката за овој талент и ќе постави нов клупски рекорд за потрошени пари за трансфер на еден играч. Феликс ги помина сите младински категории во португалската репрезентација, а за сениорскиот тим дебитираше на дуелите од Лигата на нациите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести