Жолтата подморница го претстави новиот кормилар

Вилјареал и официјално го претстави Унаи Емери за нов тренер на првиот тим. Баскиецот ќе ја предводи Жолтата подморница во следните три сезони согласно со потпишаниот договор кој му важи до јуни 2023 година.

Емери дојде на местото на Хави Кајлеха, стратегот со кој Вилјареал оствари голем успех во комплетираната сезона во која екипата заврши на петтото место и обезбеди пласман во Лигата на Европа.

Новиот предводник на тимот од „Де ла Керамика“ по четири години му се врати на шпанскиот фудбал, откако последно ја водеше Севилја со голем успех. Валенсија и Алмерија се останатите шпански екипи во кои работел Емери, а изминативе неколку години се докажуваше во Франција, поточно во ПСЖ, и во Премиер лигата како менаџер на Арсенал.

https://twitter.com/VillarrealCF/status/1286262005721161734

- Оглас -

Најнови вести