„Жолто лудило“ кое ќе се памти во Берлин (Видео+Фото)

Херта и Динамо Дрезден одиграа 2:2 по 90 минути на Олимпискиот стадион во Берлин, па дополнително продолжува драмата за тоа кој тим ќе оди во следната фаза од Германскиот куп. Мечот ќе остане запамтен по тоа што Динамо на трибините има поддршка од рекордни 35.000 навивачи.

Половина стадион е со фанови на Динамо, а како што порачаа фановите, тоа е „жолто лудило“.

Освен на трибините, интересно е и на теренот. Динамо на полувремето водеше со 1:0, па Херта направи пресврт за 2:1, но гостите со погодокот во 90-тата минута донесоа голема радост за своите фанови и се изборија за продолженија.

Во останатите мечеви од Купот на Германија: Сент Паули – Ајнтрахт 1:2, Фортуна Д. – Ауе 2:1, Борусија Д. – Борусија М. 2:1, Волфсбург – Лајпциг 1:6, Вердер – Хајденхајм 4:1, Верл – Кил 1:1 (8:7 на пенали), Кајзерслаутерн – Нирнберг 2:2 (6:5 на пенали).

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести