Жоржињо со пеналот испиша историја, а само еден играч има дадено гол во сите четири кола

Првото полувреме на мечевите од 21 часот во Лигата на шампионите, донесе еден рекорд.

Натурализираниот Италијанец Жоржињо, даде гол од пенал против Милан, и сега има седум голови во ЛШ, само еден на гости, а сите му се од белата точка. Нема друг фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал повеќе од пет гола, а сите да му се од пенал.

Гол од пенал даде и Килијан Мбапе за водство на ПСЖ против Бенфика, а Џад Белингам од Борусија Дортмунд е единствен фудбалер кој дава барем по еден гол во сите четири досегашни кола во ЛШ сезонава.

Адеми и Ристовски играат за Динамо кој дома има 1-1 против Салцбург. Голот на хрватскиот првак прво беше поништен, а потоа по прегледување на снимка, сепак беше признат. Претходно, Динамо даде уште еден гол кој беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести