Жоржињо: Велеа дека не сум добар за Челзи и дека сум дошол со врски

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо, вели дека го нервирале луѓе кои велеле дека тој дошол во Челзи само поради Маурицио Сари.

„Велеа дека не заслужувам да играм за Челзи. Ме нервираше кога слушав дека зборуваат дека сум дошол само поради Сари и сега да не бил тој, никогаш не би бил во Челзи, дека не сум доволно добар“, вели 29-годишниот Италијанец роден во Бразил, кој од Наполи премина во Челзи во летото 2018 година, кога и Сари беше наименуван за тренер на клубот од Лондон.

На почетокот Жоржињо се мачеше да се етаблира во тимот како клучен играч, но сега е главна алка на клуб кој е европски првак, а ја освои и Лигата на Европа. Натурализираниот Италијанец, кој годинава ги освои ЛШ и Европското првенство, стана и играч на сезоната во изборот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести