Жозе ги наштелува, Сон и Кејн не застануваат со меѓусебни комбинации (видео)

Тотенхем за помалку од 20 минути дојде до убедливи 3-0 против Вест хем во градското дерби кое се игра во рамки од петтото коло во Премиер лигата. Сите три гола се дело на напаѓачкиот двоец Кејн – Сон, двајцата се во извонредна форма сезонава и уште еднаш покажаа дека одлично се читаат на теренот.

Кејн и Сон повеќепати сезонава успешно комбинираа и си местеа погодоци меѓусебе, добар пример за тоа е победата на гости кај Сатухемптон од 5-2, од кои четирите гола на Сон беа асистирани токму од Кејн.

Не поминаа повеќе од 60 секунди кога Сон го искористи првиот контра-напад на домаќините кој го почна Кејн, па Кореецот реализираше за 1-0. Само седум минути подоцна, Сон овојпат му намести гол на Кејн, кој пак одлично изгради простор за удар и од околу 20 метри го совлада Фабијански. Англискиот голгетер во 16-тата минута ги постави засега високите 3-0 во корист на Тотенхем.

https://twitter.com/cerita_bola_/status/1317853173856362499

- Оглас -

Најнови вести