Зидан даде јасен знак дека ѕвездата на Реал е на излезна врата

Веќе со месеци се шпекулира дека ова е последна сезона на Герет Бејл во Реал Мадрид. По враќањето на Зинедин Зидан на тренерската клупа, уште погласни се најавите дека Велшанецот ќе си оди од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал попладнево игра против Вилјареал, а Зидан од составот го изостави Бејл. Ѕвездата одигра очаен меч во поразот од Рајо Вајекано, а и реакциите на навивачите се сѐ погласни дела тој треба да си замине. Освен Бејл, против „жолтата подморница“ нема да играат ниту Дени Себалјос , кој исто така не е миленк на Зидан, како и Лука Модриќ, кој трет меч по ред не е во комбинација за на терен. Зидан имаше објаснување за тоа што ги изоставил овие тројца.

„Јас сум тренер и јас треба да го составувам тимот. Ја одлучувам кој треба да игра, а кој не. Играчите треба да тренираат и да играат. Го сакам најдоброто од сите мои играчи“, објасни Зидан по објавувањето на составот на играчи со кои Реал ќе настапи против Вилјареал.

Реал Мадрид нема никакви шанси за титулата, а веќе има обезбедено место во Лигата на шампиони, па последните кола се можност за Зидан да прави експерименти.

 

- Оглас -

Најнови вести