Зидан е најдобар тренер на планатета, ги претрка Клоп и Гвардиола

Француски Л` Екип во традиционалниот избор го прогласи Зинедин Зидан за најдобар тренер на планетата.

Популарниот Зизу ги претрка Јирген Клоп и Пеп Гвардиола за признанието на престижниот франциски спортски медиум.

Францускиот тренер се врати во Реал Мадрид пред десеттина месеци и успеа да говфрати Кралскиот клуб на врвот во шпанскиот фудбал. Освоена е домашната шампионска круна, а најава за победничкиот поход беше и пехарот освоен во меч за Суперкупот на Шпанија, како загревање за новата сезона.

Зидан си замина од Реал во 2018 година, откако претходно освои три титули по ред во Лигата на шампионите со најтрофејниот европски клуб.

Јирген Клоп е втор, зад Зидан, а Германецот исто така заслужи да биде на врвот, откако успеа да му донесе титула во Англија на Ливерпул, по пауза од три децении. Со Црвените од „Енфилд Роуд“ ја освои и титулата во ЛШ во ланското издание.

Гвардиола е на третото место, а со Манчестер сити го освои Лига купот во Англија и заврши како второпласиран во Англија, зад Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести