Зидан ги натера Французите масовно да прават анкети кој им е најдобар напаѓач во историјата

Изјавата на Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид и легенда на францускиот фудбал, дека Карим Бензема е најдобар француски напаѓач во историјата предизвика големо внимание во неговата земја и повеќе спортски портали и весници преку анкети сакаат да го видат мислењето на јавноста.

Бензема игра одлично, Зидан е воодушевен и од тоа што Карим не е класична деветка туку им помага и на средниот ред во креацијата, дури и на одбраната кога треба. Но, Бензема веќе неколку години не е дел од француската репрезентација поради конфликтот со Матје Валбуена, а Франција и без него ја освои светската титула.

Во анкетата на најпознатиот француски спортски весник „Л’Екип“ најмногу гласови за најдобар француски напаѓач на сите времиња има Тјери Анри. Бензема е втор, а трети е Жан Пјер Папен. Има опција да се гласа и за Оливие Жиру, Жист Фонтен (рекордер со 13 гола на едно Светско првенство), Давид Трезеге, Бернар Лакомб, но тие се далеку зад водечките тројца. Анри има гласови колку Бензема и Папен заедно.

И во една друга анкета каде што има опција да се гласа само за четворица, води Анри, пред Бензема и Папен.

- Оглас -

Најнови вести