Зидан го победи корона-вирусот, сега претседателот е позитивен

На денот кога Зинедин Зидан го победи корона-вирусот и се врати на тренинзите со екипата, од Реал Мадрид потврдија дека претседателот Флорентино Перес е позитивен на ковид-19.

Првиот човек на шпанскиот првак веќе е во самоизолација и засега не покажува симптоми, но деноноќно ќе се следи неговата состојба со оглед на тоа дека според возраста е во ризичната група.

Инаку Зидан поради тоа што беше во самоизолација, не беше на клупата на Реал во поразот од Леванте со 1-2 на домашен терен во претходното коло.

- Оглас -

Најнови вести