Зидан и официјално го одби ПСЖ!

Зинедин Зидан нема да биде тренер на ПСЖ следната сезона откако легендата на францускиот фудбал и официјално ја одби понудата од Светците.

Французинот во својата кариера во два мандати беше тренер на Реал Мадрид и не бил на кормилото на ниту една друга екипа. Неговиот прв мандат на чело на Кралскиот клуб е особено важен бидејќи трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите, а со Реал освои уште осум други трофеи.

Од ПСЖ сега ќе се насочат кон останатите тренери коишти ги имаат на списокот со желби, а тоа се Јулиан Нагелсман, Луис Енрике и Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести