Зидан ја зацрта следната цел на Реал, ако успее во мисијата, ова ќе биде перфектна сезона за Кралевите

Со 10 победи и едно реми во 11-те мечеви по враќањето на фудбалот во ерата на корона-вирусот, Реал Мадрид стигна до трофејот во шпанската Примера дивисион. Кралевите беа перфектни 10 од 10 кога се израдуваа на толку посакуваниот трофеј, па синоќа и можеа да си дозволат луксуз и да одиграат нерешено (2:2) на гостувањето кај Леганес.

Иако сезоната во Примера заврши, тоа не значи дека играчите на Реал треба целосно да се опуштат. Кралевите треба да се подготвуваат за дуелот против Манчестер сити на 7 август, во реванш од осминафиналето во Лигата на шампиони. Реал е пред тешка мисија затоа што во Мадрид загуби со 1:2, што значи дека на гостувањето во Англија ќе мора да постигне два гола ако сака да се надева да продолжи во четвртфиналето.

Зидан, кој трипати го водеше Реал до европскиот трон, вели дека неговиот тим нема да се предаде и дека целта е победа во Манчестер.

„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Манчестер сити во Лигата на шампионите. Мислам дека тоа е возможна мисија. Сега ни претстојат неколку дена неопходен одмор во кој треба да ја вратиме силата и да се подготвиме за тоа што нè чека. Не се плашам за тоа како ќе се вратат фудбалерите по неколкуте дена одмор затоа што тие се професионалци. Потоа заедно ќе се подготвиме за предизвикот во ЛШ“, рече Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести