Зидан ќе се обиде да го прекине малерот во Реал кој трае 32 години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, многу сакаше да ја освои шпанската лига и успеа во тоа во минатата сезона, изјави дека тој трофеј му бил најважен во кариерата, поради начинот на кој беше освоен. Сега Зизу е исправен пред друг предизвик, да стане првиот тренер на Реал во последните 32 години, кој успеал да врзе две титули по ред.

Последен тренер на Кралскиот клуб на кој му успеало две сезони по ред да ја освои Ла Лига беше Холанѓанецот Лео Бенхакер во 1988 и 1989 година. Инаку, во историјата само четворица тренери (Мигел Муњоз, Миљан Миљаниќ, Луис Моловни и Бенхакер) успеале со Реал да освојат две титули по ред, а Зидан ќе се обиде да стане петтиот и да го прекине малерот кој трае повеќе од три децении.

Од 34-те титули на Реал во Шпанија, девет ги има освоено Муњоз, а пет му беа по ред, од 1961 до 1965 година. Во 1966 ја испушти титулата за еден бод, а потоа освои уште три по ред. Со југословенската легенда Миљаниќ кој е роден во Македонија, Реал беше првак во 1975 и 1976.

Реал Мадрид за последен пат освои две титули по ред во 2007 и 2008. Во 2007 со Фабио Капело на клупата, а наредната година со Бернд Шустер.

- Оглас -

Најнови вести