Зидан: Логично е да бидам селектор на Франција, но сè уште ми е рано

Зинедин Зидан повеќе од две години одмора од тренерската работа и иако се поврзуваше со клупата на репрезентацијата на Франција, смета дека сè уште му е рано за селекторска функција.

Зидан не крие дека е заинтериран за селекторската функција, но смета дека со 50 години сè уште има време за него.

„Често зборував дека кога како фудбалер сте биле репрезентативец, а потоа сте станале тренер, сосема логично е да размислувате за тоа еден ден да бидете и селектор. Но, мислам дека сега не е вистинско време, сметам дека работите треба да одат по некој ред. Идентично размислував и како фудбалер, прво играв за Кан, потоа за Бордо и потоа за Јувентус и Реал Мадрид. Секогаш правев трансфери во друг клуб поради поголемо искуство“, вели Зидан.

Последен ангажман на Зинедин Зидан беше на клупата на Реал Мадрид од 2019 до 2021, но не успеа да ги повтори успесите од првиот мандат како тренер на Кралевите, кога освои три титули во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести