Зидан објасни зошто е задоволен од тоа што Реал победи само со 1:0

Реал Мадрид минимално со 1:0 славеше против Валјадолид и тоа благодарение на погодокот на Винисиус Жуниор, кој влезе како резерва во второто полувреме. Со овој триумф, Реал стигна до 7 бода по првите три кола. Иако постигнаа само еден гол, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, е задоволен.

„Секогаш е убаво чувството кога ќе се победи. Мечот беше тежок. Ние ќе играме сè подобро и подобро, а сега најважно е да победуваме. Секако дека има делови од кои не сме задоволни, како на пример: тоа што многу ја губевме топката во нашата половина и немавме цврста контрола. Сепак, супер е што победивме“, рече Зидан, кој додаде дека уште не одлучил дали Лука Јовиќ ќе го напушти Реал или ќе остане во тимот сезонава.

Од последните 26 победи на Реал во лигата, дури 19 се минимални, со еден гол-разлика. Тимот се навикна да победува со потешкотии, но важно е што и со 1-0, 2-1 или 3-2 се освојуваат еднаков број бодови како при победа со убедлив резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести