Зидан одбра екипа каде ќе биде тренер, но има еден “мал“ проблем

Зинедин Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021-та година, кога ја напушти клупата на Реал Мадрид. Неговото име постојано е цел на шпекулации околу тоа каде би можел да биде тренер. Најсвежи се шпекулациите дека Зидан ќе ја преземе клупата на ПСЖ, но од тоа нема ништо.

Според последните информации, Зинедин Зидан налето ќе седне на клупата на Јувентус. Французинот сака долгорочен договор и проект во кој ќе може да ги покаже сите тренерски квалитети.

Сепак, за реализација на овој план на раководството на Јувентус и Зинедин Зидан постои еден “мал“ проблем. Договорот на актуелниот тренер Масимилиано Алегри истекува дури во 2025-тата година и доколку “старата дама“ се одлучи да го раскине предвреме, ќе треба да плати високо обесштетување, односно дури 18 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести